Шевченко за малку ќе загинел во денешното бомбардирање во Украина (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Русија денеска го бомбардираше Киев, русите испалија 80 ракети и 12 беспилотни лета во Украина. Градовите Киев, Каркив, Запорожје, Днипро… беа мети.

Шевченко објаснува дека бил во воз кога почнало бомбардирањето и тоа што го преживеал било страшно.

„Бев на воз кога почна бомбардирањето и требаше да сопреме на средина на поле. Тие неколку часови се чинеа како вечност“, објаснува Шевченко.

„Би сакал да кажам една работа: нема ракети, нема бомбардирање или било какви други напади кои ќе ја скршат Украина. Тие можат да ни ги земат куќите, нашите улици, но не и нашето достоинство, храброст и желба за слобода“.

„Ќе ја браниме Украина. Ќе пееме под бомбардирањето, како што правеа луѓето од Киев денеска во метрото. Ќе се бориме додека не победиме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×