Уште еден светски шампион од 2006 станува тренер во Серија Б, Даниеле Де Роси ќе го предводи СПАЛ

by
1 минути читање

Серија Б добива уште еден светски шампион од 2006 година, Даниеле Де Роси ќе ја започне својата прва авантура како тренер на кормилото на СПАЛ.

Првиот човек на клубот, Џо Такопина беше директор во Рома, па го искористи пријателството со Даниле Де Роси и да го убеди конечно да се пушти во тренерските води.

Се шпекулира дека Даниеле Де Роси ќе стави потпис на договор до јуни 2024 и во брзо време ќе пристигне официјална потврда, СПАЛ на социјалните мрежи индиректно веќе го најави пристигнувањето.

Во Серија Б веќе се тренери Фабио Канаваро, Филипо Инзаги и Фабио Гросо, кои беа дел од селекцијата на „аѕурите“ која триумфираше на мундијалот во Германија пред 16 години.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×