Антони и Роналдо ја прекинаа серијата на Евертон, Јунајтед првиот клуб кој направил 100 пресврти (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед си замина со цел плен од незгодното гостување на Гудисон, избраниците
на Тен Хаг славеа со 1-2.

Домаќините
одлично го отворија натпреварт, Ивоби прекрасно погоди од далечина за 1-0 по
само 5 минути игра.

Одговорот на
„ѓаволите“ пристигна десет минути подоцна, Антони изедначи на 1-1.

Пресвртот беше
комплетиран во финишот на првиот дел, Касемиро го уфрли Роналдо во контра, кој
реализираше за 1-2.

Во продолжението
од мечот, Манчестер јунајтед не успеа предвреме да го реши победникот, па
Евертон во финишот силно притисна, уфрли неколку опасни топки во шеснаесетникот,
но Де Хеа и одбраната одолеаја на нападите.

Со овој резултат,
Манчестер јунајтед стана првиот тим во Премиерлигата кој на 100 натпревари прв
примил гол а на крајот славел победа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×