Покер на Наполи против Кремонезе, Елмас и другарите сега се осамени на врвот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на
Лучано Спалети продолжуваат со одличните партии, вечерва славеа со 1-4 на гостувањето
кај Кремонзе.

Политано го
отвори резултатот во 26. минута од пенал, но домаќините изедначија веднаш на
стартот од второто полувреме со голот на Десерс.

Симеоне во 76. минута
го врати Наполи во предност а победата беше осигурана со два гола во судиското
надополнување, Лозано и Оливеира го потврдија триумфот.

Откако попладнево
Аталанта испушти два гола предност против Удинезе и ремизираше 2-2, Наполи сега
е осамен на врвот на табелата во Серија А.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×