Милан ја искористи предноста на домашен терен и дојде до триумф над Јувентус.
Росонерите поведоа во судиското продолжение од првото полувреме кога Томори најдобро се снајде по еден корнер и постигна гол за водство од 1-0. Голот беше контроверзен, бидејќи пред корнерот требаше да биде досуден фаул за Јувентус.
По девет минути игра во второто полувреме Брахим Диаз имаше фантастичен соло пробив, помина половина терен и постигна гол за водство од 2-0 што беше и конечен резултат.
По девет одиграни меча Милан е трет со 20 освоени бода, од исто толку натпревари Јувентус има само 13 бодови и се наоѓа на осмото место.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.