Челси убедлив против Вулвс, Халанд повторно даде гол за Манчестер Сити (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси врза победи под водство на Грем Потер, сините денеска беа подобри од Вулвс со 3-0.

Резултатот беше отворен во судиското продолжение од првиот дел кога Хаверц постигна гол за водство од 1-0.

По девет минути игра во вториот дел Пулишиќ зголеми на 2-0, а конечните 3-0 беа дело на Броја во 90. минута.

Ерлинг Халанд постигна нов гол за Манчестер Сити кој со 4-0 го победи Саутемптон. Тоа беше гол број 15 во Премиерлигата за Норежанецот, вкупно 20ти во сите натпреварувања за англискиот тим.

Покрај Халанд, денеска голови за Сити постигнаа и Кансело, Фоден и Махрез.

Њукасл со убедливи 5-1 славеше над Брентфорд. Гимараеш даде два гола, по еднаш погодија Алмирон и Марфи, Пинок си даде автогол. Погодокот за гостите беше дело на Тони од пенал.

Борнмут со пресврт дојде до победа од 2-1 над Лестер. Гостите водеа со гол на Дака во десетата минута. Во вториот дел погодија Билинг и Кристи за победа на Борнмут.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×