Пиоли застана во одбрана на Де Кетеларе кој е мета на критики

by
1 минути читање

Милан плати 32 милиони евра за 21-годишниот Де Кетеларе, тоа е најголемата сума која ја платиле росонерите откако Паоло Малдини е директор.

Очекувањата од Белгиецот се големи, тој не почна најдобро, па сега е мета на критики од навивачите и медиумите.

Тренерот Стефано Пиоли застана во негова одбрана.

„Тој пред него има светла иднина, јас сум задоволен со тоа што го прави. Се сеќавам дека многумина ги критикуваа и Леао и Тонали во минатото. Шарл има талент и му треба време, на вистинскиот пат е“, вели Пиоли.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×