Вели дека двајцата се слични на некој начин, но сепак различни.
„Мислам дека на некој начин двајцата се многу слични, но на друг начин не се слични. Имам многу поблизок однос со Мурињо, со него често разговараме, разменуваме идеи“, вели Дибала.
„На теренот се прилично слични, тренери кои се фокусираат на работата во дефанзивата и контролирање на мечот“.
Потоа Дибала се фокусираше на Алегри.
„Секој има свои идеи и често не ги гледаме работите на ист начин, ние двајцата сакавме да го даваме најдоброто од нас за Јувентус“.
„Сакам да бидам јасен, не е контроверзно ова, но ние едноставно имавме различни идеи за приод во играта, не се каравме секој ден“.
„Алегри е еден од тренерите кои ми помогнал најмногу да се развијам низ годините во Јувентус. Знам дека на социјалните медиуми некој односот ќе го оценат како контроверзен, но дефинитивно не е така“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.