Сега или никогаш, Меси потврди: Катар е моето последно Светско првенство

by
2 минути читање

Светското првенство во Катар ќе биде посебно за Лео Меси, бидејќи ќе биде негов последен настап на Мундијалите. Таму ќе биде последната негова шанса да го крене големиот пехар. Аргентина има одличен состав и е во голема форма, но голема е и конкуренцијата.

„Дали ова ќе биде моето последно Светско првенство? Да, сигурно да, сигурно да“, потврди Меси за „Стар+“,

„Ги бројам деновите до Светското првенство, вистина е тоа, чувствувам мала анксиозност чекајќи ги да почне и нервоза од тоа како ќе помине, што ќе се случува бидејќи ми е последно“.

„Ние сме во многу добра форма, се наоѓаме во силна група, но на Светско првенство се може да се случи. Сите натпревари се тешки, затоа Светското првенство е толку посебно бидејќи фаворитите не се тие кои секогаш освојуваат или не го имаат патот кој го очекуваат“.

„Не знам дали сме големи кандидати за трофејот, но историски гледано Аргентина секогаш е кандидат. Во Катар мислам дека има други репрезентации кои се пред нас“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани