Сопругата на Гундоган се пожали: Храната во Манчестер е ужасна!

by
1 минути читање

Сопругите или
девојките на фудбалерите често знаат да се пожалат од животот на „островотo“,
последна која излезе со критики е понежната половина на Илкај Гундоган.

Запрашана кој и е
омилен ресторан во Манчестер, Сара рече: „Извинете, жал ми е што морам
да бидам искрена, одговорот е ниту еден. Се обидував да најдам добар ресторан,
но храната е ужасна секаде. Не можам да најдам вистински италијански ресторан
или добро суши или едноставно свежа храна… секаде е замрзната храна“.

„Рестораните тука
се фокусираат на тоа како да направат пари преку пијалоци наместо да понудат
квалитетна храна. Можеби во Лондон е поинаку, но не во Манчестер, и навистина
ми е жал“.

Таа доби многу
критики, па мораше да се појаснува: „Ги пробав најдобрите ресторани, но мојот одговорот е НЕ. Не можам да лажам. Навикната сум на Италија, па можете
да замислите колку е тешко да се прави споредба“.

„Манчестер е
одличен град, луѓето се одлични, но не и рестораните“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×