Ерлинг Халанд
синоќа одигра само едно полувреме против Копенхаген во Лигата на шампиони, но и
тоа беше доволно да постигна два нови гола и да стигне до бројката од 19
погодока уште на стартот од октомври.
„Искрено, Халанд
е неверојатен! Во животот не сум видел таков играч. Се смеев по првиот и
вториот гол, едноставно тој секогаш е на вистинското место во вистинското
време“ – вели Џек Грилиш.
Најскапото
засилување во историјата на Манчестер Сити потоа откри што му кажал гостинскиот
голман Камил Грабара.
„Голманот на
Копенхаген ми кажа нешто за Халанд, ми рече, „Овој не е човек!““
„Се надевам дека
Халанд ќе продолжи во исто темпо и ќе не предводи до многу трофеи“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.