Тешко им падна поразот од Наполи, фудбалерите на Ајакс одбија да разменат дресови (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Наполи во
вторникот прикажа импресивна партија на гостувањето во Амстердам и славеше
против Ајакс со високи 1-6.

Очигледно на
фудбалерите на Ајакс тешко им падна поразот, па по крајот на натпреварот ја
одбија понудата да разменат дресови.

Човек од
персоналот на Наполи појде кон соблекувалната на домаќините и предаде неколку
дресови, но само неколку секунди подоцна се врати неговиот колега од таборот на
Ајакс и му ги врати истите.

„Никој не сака да
размени дресови?“
– праша тој, а човекот од Ајакс само му климна со главата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×