Ди Марија беше играч на натпреварот на синоќешниот натпревар откако имаше хет-трик асистенции.
„Тимот е најважен, ова беше одличен натпревар, му помогнав на тимот да победи. Ова беше втора победа по ред со три постигнати голови, нешто што ни недостасуваше“, вели Ди Марија.
„Најважно е да се победи, се боревме напорно. Јас се обидувам да ја вршам мојата работа, асистенциите се тоа што ме прави среќен. Асистенциите ми се поважни од головите. Сакам да играм вака и среќен сум“.
Во сабота Јувентус игра голем меч против Милан во Серија А, но Ди Марија нема да биде дел од тој натпревар поради суспензија од два меча која ја доби на мечот со Монца пред репрезентативната пауза.
„Жал ми е што нема да играм, но го заслужив тоа. Жалам за тоа што се случи, тоа беше непочитување кон клубот и кон себе. Ќе се обидам да не се повтори“, ветува Ди Марија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.