Нуњез: Ништо не го разбирам Клоп што зборува

by
1 минути читање

Ливерпул за потписот на Нуњез плати околу 100 милиони евра, но тој се уште не почнал да го оправдува вложеното во него. 

Тој призна дека ништо не го разбира Клоп кога зборува, но потоа му преведуваат некои од соиграчите кои ги разбираат и двата јазика.

„Искрено, не разбирам што ни зборува Клоп во подготовките за натпреварите или на полувремето. Откако ќе заврши разговорот ги прашувам моите соиграчи што рече“, открива Нуњез.

„Но, мислам дека е прилично јасен во тоа што го кажува. Тој бара едноставни работи на теренот, да не се плашиме кога играме, да бидеме самоуверени. Да почнеме да притискаме кога ќе ја загубиме топката. Тоа секогаш го бара од нас“.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×