Марина Грановскаја во 2013 стана дел од раководството на Челси а во последните неколку години ја превзеде улогата на десна рака на Роман Абрамович и беше задолжена за трансферите. Важеше за најмоќната жена во фудбалот, со која тешко се преговара.
Медиумите од „островото“ сега пренесуваат дека познат агент од Велика Британија бил уапсен откако испратил закани кон Марина Грановскаја. Агентот верувал дека треба да добие паричен надоместок за учество во голема зделка.
„Ќе ми платиш за начинот на кој се однесуваш. Ова не е закана… ова е ветување. Доколку Челси не ги префрли парите, ти си должник“ – се велело во мејлот.
„Ќе ти дадам шанса да ги корегираш работите и да се извиниш. Доколку не го сториш тоа, ти ветувам дека ќе ми платиш“.
„Ова не е закана, можеш да го сфатиш како сакаш, ова е ветување кое им го давам на сите кои сакаат да ме заебат“.
„Во кратки црти, на мене и на моите партнери ни должиш 300.000 фунти и си ги сакаме парите колку што е можно побрзо“.
„Доколку Челси не ги префрли парите, долгот е твој. Повеќе нема да бидам фин“.
Мејлот бил испратен во мај, кога се водеа преговори за продажба на Челси. Марина Грановскаја веднаш го пријавила целиот случај во полиција. Таа повеќе не е дел од „сините“, си замина откако Тод Боли и неговиот конзорциум станаа нови газди.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.