Инзаги: Победата над Барселона е само старт за Интер

by
1 минути читање

Инзаги беше под голем притисок поради лошите резултати во досегашниот дел од сезоната кои кулиминираа со пораз од Рома на свој терен. Тој беше пред отказ, но синоќа успеа да ја победи Барселона, па засега си ја спаси главата.

„Не би рекол дека ова е неочекувана победа. Пред натпреварот кажав дека ова е одлична можност за нас против еден од најдобрите тимови во светот“, вели Инзаги.

„Игравме со агресија, посветеност, тоа е единствениот начин на кој може да се победат вакви противници. Долго чекавме на ова, среќен сум за фановите и за клубот, но се уште ништо не сме направиле. Требаше една ваква прекрасна ноќ да означи почеток на нешто. Ова е само старт“.

„Сега ни е потребна конзистентност на вакви резултати и перформанси“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×