И покрај тоа што Баерн Минхен имаше неколку отсутни фудбалери за овој меч, тие беа апсолутен фаворит против Викторија Плзен и тоа се виде на теренот.
Резултатот беше отворен уште во седмата минута кога Сане постигна убав гол за водство од 1-0.
Само шест минути подоцна беше 2-0, Гнабри погоди, а во 21. минута Мане зголеми и на 3-0.
Откако веќе создаде убедлива предност, Баерн Минхен ја намали гаста, но и покрај тоа во вториот дел даде уште два гола.
Сане го постигна својот втор гол во 51. минута, а осум минути подоцна Чупо Мотинг ги постави конечните 5-0.
По три одиграни кола Баерн Минхен има максимални девет бода, Викторија Плзен е последна без бод.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.