Заниоло и Рома ја договорија платата, сега се пегла откупната клаузула

by
1 минути читање

Изминатово лето често имаше гласини за трансфер на Николо Заниоло, младиот Италијанец се поврзуваше со неколку клубови како Јувентус, Милан и Тотнем.

Рома не сакаше да слушне за продажба и сега откако заврши преодниот рок, двете страни седнаа на преговори за нов договор.

Според пишувањата на Газета дело Спорт, преговорите бележат добар прогрес и веќе е постигната согласност за висината на платата, Николо Заниоло ќе добива 4 милиони евра по сезона, плус 1 додатен милион во бонуси.

Сега се пеглаат деталите од откупната клаузула, се шпекулира со сумата од 50-60 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×