Карвахал му одговори на Чави: За каква среќа зборуваме? Реал освои 5 трофеи во ЛШ во последните 9 години

by
1 минути читање

Чави синоќа ги коментираше шансите на Барселона за триумф во Лигата на шампиони и рече дека Ла Лига е пофер натпреварување, дека понекогаш е потребна среќа за триумф во најелитното натпреварување, и не секогаш најдобриот ја освојува Лигата на шампиони.

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал експресно му одговори.

„Резултатите се најважни во фудбалот. Победува оној кој ќе даде повеќе погодоци и ќе прими помалку погодоци. Комплексно е да се зборува за праведност и за тоа што е фер и што не е фер“ – вели десниот бек.

„Исто така, имам чувство дека се зборува за праведност само кога Реал Мадрид триумфира во Лигата на шампиони“.

„Секој има право на свое мислење, но за каква среќа зборуваме кога Реал Мадрид освои 5 трофеи во Лигата на шампиони во последните 9 години?“

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×