1,2K
Гонзало Игуаин имаше блескави партии за Наполи, таму играше од 2013 до 2016 година, но навивачите не можат да му го простат предавството кое го направи, директниот трансфер во најголемиот ривал, Јувентус.
Игуаин тогаш беше прогласен за непожелна личност од фановите на Наполи, а навредите на негова адреса беа големи.
Токму ова е причината поради која Наполи не сакаше да му оддаде почит на Игуаин и да објави нешто за неговото пензионирање.
Јувентус тоа го направи објавувајќи еден од најважните голови на Игуаин во дресот на старата дама, победничкиот погодок против Интер кој помогна да ја освојат титулата во Серија А пред Наполи. Тогаш Јуве на крајот имаше 95 бодови, а Наполи 91.