Барселона е во многу подобра форма од Интер оваа сезона па вечерва во Милано тие се фаворити иако играат на гостински терен.
„Ние сакаме да доминираме, да ја имаме топката и да играме на половината на противникот. Тоа е историјата на Барселона и јас нема да ја менувам“, вели Чави.
„Ќе се адаптирам со тројца во дефанзивата и различен среден ред, но не поради противникот. Во денешно време многу ги анализираме нашите ривали, но нашиот менталитет е секогаш да бидеме протагонисти во натпреварот“.
„Интер игра со поразлична формација од останатите тимови со кои се соочивме. Играта на Инзаги е многу динамична и користи двајца напаѓачи, нешто што во Шпанија веќе не е случај“.
„Тие се тежок ривал, ние треба да покажеме дека сме Барселона. Треба да играме натпревар каков што одигравме во Минхен, но да дојдеме до резултат“.
„Интер требаше да победи во дербито со Рома, но тоа е фудбалот. Нивниот тим е многу силен, многу е тешко да се игра против нив“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.