Тотнем во
саботата го загуби лутото градско дерби против Арсенал, па многу критки
пристигнаа на адреса на Антонио Конте. На стратегот ми се замеруваше за изборот
на фудбалери како и стилот кој го негува, кој често знае да биде дефанзивен.
„Не сум глупав.
Не сакам да губам. Се обидувам да го изберам најдобриот тим, на теренот да го
испратам најдобриот тим“ – рече Италијанецот на денешната средба со новинарите.
„Минатата сезона
игравме на ист начин и го победивме Арсенал со 3-0. Кога губите, треба да
давате објаснувања, кога победувате, противникот е тој кој дава објаснување. Но
за мене е важно да имаме план, да ги ставам играчите на најдобра позиција и да го
извадам максимумот од нивните карактеристики“.
„Не сакам да
играм отворено и да примам шест, седум или осум гола. Во Англија ова знае да се
случи често“.
„Во мојата
кариера, никогаш не сум примил толку голови“.
„Имам освојувано
трофеи во Англија, имам освојувано трофеи и во Италија. Можам да држам лекции
по фудбал на многу луѓе“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.