Оваа сезона ќе
биде последна во кариерата на Гонзало Игуаин, Аргентинецот денеска се појави на
прес конференција и ја соопшти својата одлука да оди во пензија.
Напаѓачот имаше
зборови за секоја етапа во својата кариера и откри каков совет добил од татко
му пред дa се пресели во Реал
Мадрид.
„Гласините за
трансфер во Реал Мадрид стануваа се почести, еден ден, татко ми дојде во мојата
соба додека спиев и ми рече, „Гонзало, Гонзало, Реал Мадрид ќе те купи“. Така
поспан му одговорив, „Не ме заебавај, не ми е до шала“. Но информацијата беше
точна, Реал Мадрид ме купи на 19 години“ – раскажува Гонзало Игуаин.
„Знаев дека одам
во соблекувална полна со ѕвезди, не ми беше сеедно, бев неровзен, па мојот
татко ми кажа една реченица која ми помогна многу. Ми рече, „Кога ќе пристигнеш
таму, имај почит и восхит, но никогаш немој да се плашиш. Ако се плашиш, нема
ништо да направиш. Реал Мадрид те купува бидејќи верува во тебе. Имај почит, но
не и страв“.
„И така беше,
поминав речиси седум години во најдобриот клуб во светот. Тоа беше прекрасна
етапа“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.