Кин: Манчестер јунајтед не го почитува Роналдо

by
1 минути читање

Роналдо оваа сезона повеќе ја грее клупата на Манчестер јунајтед отколку што игра. Кин смета дека клубот требаше да му дозволи да си замине доколку не го планираше за стартниот состав.

„Мислам дека Јунајтед покажува непочитување за Роналдо. Требаше да го пуштат да си замине во преодниот рок“, вели Кин.

„Тренерот рече дека сакал да има повеќе опции. Но не го држите Роналдо на клупа. Тој е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Имаше опции летово. Тоа што некои вика дека немал опции е глупост. Имаше четири-пет добри опции“.

„Големата слика е дека Тен Хаг нема да го игра Роналдо и работата ќе станува се полоша како што сезоната одминува“.

„Јунајтед не покажува ништо друго освен непочитување за Роналдо“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×