Реал Мадрид
синоќа испушти два бода против Осасуна, трагичар на натпреварот беше Карим
Бензема.
Напаѓачот во
финишот од мечот имаше можност да донесе три бода од белата точка, но ја загуби
психолошката војна со Серхио Ерера.
Голманот на
Осасуна оваа година веќе му одбрани два пенали на Французинот, па имајќи го тоа
на ум, Серхио Ерера синоќа се обиде да го извади од ритам ривалот, му
покажуваше да шутира во десната страна од голот, тоа го правеше неколку
секунди, се додека напаѓачот не тргна да шутира, и потоа гледаше како
топката се одби од пречката.
„Секогаш има психолошки
војни и Серхио е навистина добар во нив. Излезе како победник против следниот
освојувач на „Златната копачка““ – рече по крајот на натпреварот тренерот на
Осасуна, Хагоба Арасате.