Пред извесно време новиот сопственик на Челси, Тод Боли праша: „Зошто нема ол-стар меч во Премиерлигата?“. Тој вели дека од тоа ќе имаат економски бенифит клубовите, а фановите ќе уживаат во добро шоу.
Неговите зборови наидоа на исмевање од фудбалските критичари. Но сепак може да се случи американизација во европскиот спорт.
„Плановите за ол-стар меч повторно заживуваат и стануваат актуелни. Најдобрите 11 од Премиерлигата против најдобрите од Бундеслигата, Ла Лига и остатокот од врвните лиги“, најавува „Тајмс“.
Се уште нема ништо конкретно, но многу пари се во прашање, па ништо чудно доколку почнало да се размислува на таа тема.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.