Газдата на Челси покажа нова суровост, преку „Зум“ избркал човек кој 17 години работел во клубот

by
1 минути читање

Тод Боли и неговиот конзорциум станаа нови сопственици на Челси откако доставија најдобра понуда, но бизнисменот од САД очигледно не се разбира многу од фудбал, а и нема многу емоции откако повлече големи промени на „Стемфорд Бриџ“.

Тренерот Томас Тухел доби отказ, а од клубот полека си заминуваат и многу други луѓе.

По 11 години си замина директорот на медицинскиот тим, Др. Пако Биоска, а се пристигнува информации за нова промена.

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека отказ добил и првиот човек на физиотерапевтите, Тјери Лорен. Дополнително изненадува фактот Тод Боли го известил за својата одлука преку „Зум“ на состанок кој траел само неколку минути.

Тјери Лорен, кој 17 години е дел од Челси, има прилично импресивна биографија, беше дел од репрезентацијата на Франција која во 1998 година стигна до трофејот на Светското првенство.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×