Меси зборуваше за Мбапе и Нејмар

by
1 минути читање

ПСЖ има одличен почеток на сезоната, но и многу контроверзен, во центарот на вниманието е Мбапе кој за разлика од Меси и Нејмар нема ниту една асистенција до соиграчите во нападот.

Се пишуваше дека Мбапе и Нејмар се во лоши односи поради тоа што Французинот сакал бразилскиот фудбалер да биде продаден.

Меси сега зборува и за двајцата, има убави зборови за Мбапе, но јасно е дека негов вистински пријател е Нејмар.

„Мабапе е различен фудбалер. Тој е ѕвер на теренот, многу силен во дуелите еден на еден, тој е многу брз, постигнува многу голови, многу комплетен играч и тоа го покажува. Во наредните години ќе биде еден од најдобрите“, вели Меси.

„Со Нејмар поминавме многу време во Барселона, но јас сакав уште да уживам со него. Животот не спои заедно во Париз. Среќени сме што повторно сме заедно. Сакам да играм со него и да бидам со Нејмар секој ден“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×