Англија стигна до финалето на Европското првенство, но потоа следуваше голем пад на игрите на репрезентацијата.
Испаднаа од Лига А во Лигата на нации, на шест натпревари не дадоа ниту еден гол од игра, друга селекција која не даде гол беше Сан Марино.
Притисокот врз Герет Саутгејт сега е голем, тој знае дека ќе добие отказ доколку има лош настап на Светското првенство иако има долгорочен договор.
„Не сум глупав, знам дека ќе бидам суден по резултатите на Светското првенство и ништо друго“, вели Саутгејт.
„Договорите се ирелевантни во фудбалот, доколку резултатите не се добри, тогаш прифаќате дека е време за разделба. Мојот договор не ме штити“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.