171
Лукаку со своето заминување во Челси успеа да му донесе профит на Интер и за една година повторно да се врати во составот на нероазурите.
Тој брзо се покаја што потпиша за Челси, а сега откако повторно е во Интер, не сака да се врати во Премиерлигата.
„Газета дело Спорт“ пишува дека Лукаку повторно е среќен, ужива во Интер.
Нероазурите ќе се договорат со Челси за позајмица на уште една година без разлика на резултатите.
Претставниците на Лукаку, компанијата Рок Нејшн, е во одличен однос со сопственикот на Челси, Тод Боли и се верува дека тоа ќе биде клучно за да се продолжи позајмицата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.