Објавена последната снимка пред авионската несреќа, Сала претчувствувал дека ќе загине (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Би-Би-Си“ објави видео од пилотот Дејвид Иботсон и фудбалерот Емилијано Сала пред да се качат во авионот, а ги објави и нивните последни разговори.

И двајцата праќаат загрижувачки пораки кон своите блиски.

„Преземав фудбалер од Кардиф, бил купен од Нант за 20 милиони фунти мислам. Ми го доверија да го превезам во еден сомнителен ‘мираж’. Нормално би имал елек за спасување помеѓу седиштата, но утре дефинитивно ќе го носам на мене“, е пораката на пилотот Иботсон до својот пријател.

Сала бил уште поисплашен од него, тој како да имал чувство дека ќе се случи несреќа.

„Сега се наоѓам во авион што изгледа како да ќе се распадне. Ако не слушнеш ништо од мене за час и половина, не знам дали некој ќе ме бара, бидејќи нема да ме најдат. Човеку, многу сум исплашен“, вели Сала. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×