304
31-годишниот холандски фудбалер беше активен на социјалните мрежи се до повредата. Потоа го снема.
Помина време откако се повреди и тој денеска реши преку видео да им се обрати на сите кои се загрижени за него и кои му испратија пораки за брзо опоравување.
Вајналдум се извини затоа што не комуницирал со фановите, но бил многу тажен, полн со емоции. Сега научил како да ја прифати ситуацијата, па решил да проговори.
Вајналдум се надева дека ќе се врати колку што е можно побрзо и ќе и помогне на Рома во главниот дел од сезоната.