Берлускони: Ќе интервенирам во тактиката на Монца како што правев и во Милан

by
2 минути читање

Берлускони преку 30 години беше претседател на Милан, потоа го продаде клубот и по извесно време ја презеде Монца.

Со Монца почна од пониските лиги и ја донесе до Серија А, ова е прва историска сезона за клубот во најдобрата италијанска лига.

„Тоа што ја однесов Монца во Серија А по 110 години ми даде повеќе радост отколку освојувањето на Лигата на шампионите“, вели Берлускони.

Монца стартуваше со само еден освоен бод на првите шест меча по што тренерот Џовани Стропа доби отказ, а на негово место дојде тренерот од младинскиот тим, Паладино и ја донесе првата историска победа во Серија А и тоа над Јувентус.

Берлускони додека беше претседател на Милан често знаеше да се меша во работата на тренерите, често јавно ги критикуваше зошто не му ги слушаат советите или доколку го послушале и победиле си ги препишуваше дел од заслугите и на себе.

Тој сега вели дека истото ќе го прави и во Монца.

„Ќе интервенирам директно со совет, исто како што тоа го правев и со сите мои тренери во Милан. Падалино е тренер, го знам добро од периодот во младинската академија на Монца и одлучивме заедно со Адриано Галијани да му дадеме шанса да го води првиот тим бидејќи навистина го заслужи тоа“.

„Во исто време нема сомнеж дека јас ќе се справувам со ситуацијата директно бидејќи дкажав дека во фудбалот знам како се остваруваат целите кои сум ги поставил“.

Берлускони ја истакна својата љубов кон Милан кој е актуелен шампион во Италија.

„Јас бев фан на Милан цел мој живот и се уште ги поддржувам, Милан секогаш ќе биде во моето срце. Денеска се справувам со Монца со носталгија за минатото, но од јасни причини нема многу да навлегувам во она што го прави Милан“.

„Ги гледам новите сопственици со голема почит и како миланиста се надевам дека тие ќе го водат клубот до нов голем успех“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×