Дејан Станковиќ се враќа во Интер како наследник на Инзаги?

by
1 минути читање

Позицијата на Симоне Инзаги е сериозно разнишана, се очекува за многу кратко време тој да добие отказ. 

Како прв фаворит за негов наследник се посочува доскорешниот тренер на Црвена звезда, Дејан Станковиќ.

Станковиќ кој во моментов е без ангажман, е вистинска легенда на Интер, тој дресот на нероазурите го носеше девет години, од 2004 до 2013 година. Член е и на генерацијата која ја освои тројната круна со Жозе Мурињо.

Станковиќ и претходно се поврзуваше со клубови од Серија А, но сега се чини дека е вистинско време за враќање во италијанската лига, овојпат како тренер.

Томас Тухел исто така е слободен во моментов, но се чини дека тој е прескапа варијанта за Интер, би барал многу поголема плата од Дејан Станковиќ, па српскиот стратег станува пореална опција.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×