Нагелсман засега ќе куртули, но столчето на Инзаги и Алегри силно се тресе

by
1 минути читање

Баерн Минхен четири меча во низа не знае за победа во Бундеслигата, три нерешени натпревари и еден пораз.

Се шпекулира дека фудбалерите веќе му го вртат грбот на тренерот, негодуваат на неговата тактика, но Нагелсман има поддршка од раководството.

„Не разгледуваме други тренери во моментов. Ние имаме комплетна доверба во Јулијан. Треба да се вратиме на победничките патеки што е можно побрзо“, изјави Оливер Кан.

По ваквата изјава на Кан, може да се каже дека иднината на Нагелсман барем засега е стабилна.

Но, се чини дека таква не е и ситуацијата со Симоне Инзаги и Масимо Алегри.

Уште пред некое време италијанските медиуми пишуваа дека Инзаги е блиску до отказ, а поразот од Удинезе може да му пресуди, да биде последен меч за него на клупата на нероазурите.

Од друга страна пак, навивачите на Јувентус бараат отказ за Масимо Алегри, прават притисок за тренерска смена. Пред поразот од Монца, Алегри ја имаше поддршката од клубот, но дали се уште е така, времето ќе покаже.

Од врвните тренери во моментов Томас Тухел е без работа. Тој сака брзо да се врати во погон, а негова следна дестинација се очекува да биде некој од Јувентус, Интер или Баерн Минхен.

Репрезентативната пазуа е идеален период за тренерска смена бидејќи новиот стратег ќе има време да се прилагоди на новата средина пред да го има првиот меч.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×