Милан не искористи повеќе шанси, постигна само еден гол, но прими два и го загуби натпреварот од Наполи.
„Воопшто не сум задоволен, не треба да бидат и моите фудбалери. Постигнавме само еден гол што не е доволно за шансите кои ги креиравме“, вели Пиоли.
„Разочарувачко е бидејќи има ноќи во кои противникот играл подобро, но во овој случај ние не требаше да загубиме. Се надевам дека ќе научиме од ова и ќе бидеме попрецизни пред голот, бидејќи направивме се како што треба со исклучок на грешките и концентрацијата во двата шеснаесетника“.
„Можев да дојдам тука и да кажам дека см многу среќен бидејќи одигравме подобро од Наполи и креиравме многу шанси, гледајќи дека ние бевме единствениот тим во петте најдобри лиги во Европа кој не беше поразен 22 кола по ред, подолго од Баерн Минхен, Манчестер Сити и Реал Мадрид, штета е да загубиме со вакви перформасни“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.