Спалети имаше суспензија па беше на трибините на Сан Сиро, улогата на главен тренер на теренот ја имаше Доменичини, па по мечот тој даваше изјави.
Тој беше запрашан за тоа каква била реакцијата на Спалети по мечот.
„Тој беше бесен на неколку фудбалери кои не го направија тоа што требаше да го направат. Тој секако дека беше среќен, но им викаше на некои играчи кои не ги направија работите кои требаше да ги направат“, изјави Доменичини за Спалети.
Доменичини беше запрашан зошто Алесио Зербин прв влезе од клупата, а не Елиф Елмас или други поискусни играчи.
„Зербин играше добро во изминатите натпревари, исто така важно ни беше што тој знае да се брани по крило, ни требаше некој што повеќе може да го покрие Џовани ди Лоренцо. Сметавме дека ќе биде најдобро да го ставиме Зербин“.
Наполи во моментов се на првото место во Серија А со ист број на бодови како и Аталанта.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.