По Интер, Јувентус и Рома, денеска загуби и Милан меч од Серија А. Росонерите на свој терен беа поразени од Наполи.
Мрежите мируваа до 55. минута кога Политано од пенал постигна гол за Наполи за водство од 1-0.
Во 69. минута Оливие Жиру го изедначи резултатот, но таква состојба траеше само девет минути кога по асистенција од Марио Руи, Џовани Симеоне го постигна првиот гол за Наполи во Серија А за водство и победа од 2-1.
Елиф Елмас во игра влезе во 87. минута на местото од Зиелински.
Наполи со оваа победа е на чело на табелата со 17 бодови колку што има и Аталанта, Милан е на петтото место со 14 бодови.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.