Аталанта ја победи Рома на Олимпико, Мурињо доби црвен картон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Аталанта имаше еден шут во рамките од голот и погоди за победа, Рома се изнапромашува и со празни раце е од овој меч.

Клучниот момент се случи во 35. минута кога фудбалерите на Рома пропуштија да го маркираат Скалвини кој даде гол за водство и победа од 1-0.

Фудбалерите на Рома се изнапромашуваа, Абрахам, Заниоло, Шомуродов и Пелегрини имаа одлични шанси но не дадоа гол.

Аталанта успеа да го сочува водството, добија дури седум жолти картони, а црвен доби Жозе Мурињо кој се жалеше на еден недосуден пенал и беше избркан од теренот од страна на судијата.

Пех за Рома беше фактот што Пауло Дибала се повреди на загревањето, па Мурињо остана без уште еден клучен играч за овој меч.

Аталанта сега е прва со 17 бодови, Рома е на шесттото место со 13.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×