И Интер падна во Удине (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Удинезе врза пет победи по ред во Серија А, денеска во Удине тие го совладаа тимот на Интер со 3-1 и покажаа дека одличните резултати досега не се случајност.

Интер одлично го почна мечот, со гол на Барела уште во петтата минута поведе со 1-0.

Но, радоста за водството траеше до 22. минута кога Милан Шкрињар си постигна автогол и изедначи на 1-1. Со тој резултат се замина на полувремето.

Во 84. минута Бијол погоди за комплетен пресврт и водство на Удинезе од 2-1, а во судиското продолжение Арслан даде гол со глава за конечни 3-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×