Ерлинг Халанд продолжува да руши рекорди, напаѓачот попладнево постигна гол против Вулверхемптон и стана првиот играч во историјата на Премиерлигата кој ја тресел мрежата на првите четири гостински натпревари.
Сити одлично го отвори мечот на „Молињу“ и поведе со голот на Грилиш по само 50 секунди. Ерлинг Халанд потоа стапи на сцена и погоди за 0-2 во 16. минута.
Во 33. минута домаќините останаа со играч помалку откако Колинс со кунг-фу старт го собори Грилиш, и веќе тука беше јасно дека „граѓаните“ ќе немаат мака.
Во продолжението од мечот, Фоден ги постави конечните 0-3 и ја потврди победата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.