Резултатите на Јувентус не се на очекуваното ниво на почетокот од сезоната, па веќе почна да се бара отказ за Макс Алегри.
„Кажав уште летоска а еве ќе повторам и сега, Јувентус е просeчен тим. Дури и со Пол Погба, Федерико Киеза и другите повредени фудбалери“ – вели менторот на Макс Алегри, Џовани Галеоне.
„Без нив играат само полошо и оставаат лош впечаток како против Бенфика“.
„Ако треба да барам некаква вина во Алегри, виновен е само за тоа како се однесуваше во летниот преоден рок. Мислев дека повеќе ќе се слушне неговиот глас за тоа кои играчи да пристигнат и кои играчи да бидат продадени“.
„Паредес е третиран како шампион, а тој е многу далеку од Пирло“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.