Во светот на
фудбалот се вртат многу пари, но очигледно сите секогаш сакаат повеќе. Неодамна,
новиот сопственик на Челси, Тод Боли предложи Ол-стар натпревар во
Премиерлигата помеѓу северот и југот, за поголемо шоу и повеќе пари.
Последните
информации велат дека до УЕФА пристигнала понуда финале од Лигата на шампиони
да се организира во САД.
Неодамна,
европската куќа на фудбалот ги продаде ТВ правата од Лигата на шампиони во САД
на СиБиСи за рекордни 1,5 милијарди евра, очигледно интересот за најелитното
европско натпреварување е голем преку „барата“, па промотерите гледаат како
дополнително да заработат на популарноста на фудбалот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.