Клоп не е импресиониран од Артур, сака да ја прекине позајмицата на Бразилецот по само две недели

by
1 минути читање

„Црвените“ имаат
проблеми во средниот ред поради големиот број на повреди, па во последните денови
од летниот преоден рок тргнаа во потрага на засилување.

Ливерпул реши да го
донесе Артур од Јувентус, кој пристигна на позајмица со опција во целост да
биде купен следното лето.

Зделката беше
изненадување со оглед на тоа дека Артур никогаш не успеа да се наметне во
Јувентус по трансферот од Барселона.

Јирген Клоп тогаш
изјави дека е среќен што добиле играч како Артур, кој дава ритам, но последните
информации велат дека тренерот на Ливерпул не е импресиониран од она што го
видел и размислува за прекинување на позајмицата по само две недели.

Ливерпул веќе
бара нов фудбалер, и доколку во јануари може да биде ангажиран фудбалер кој
подобро ќе се вклопи во тимот, Артур ќе биде вратен во Јувентус.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×