Кристијано
Роналдо имаше турбулентно лето, го пропушти стартот на подготовките со
образложение дека има приватни проблеми додека пак медиумите на големо
шпекулираа дека поднел барање за трансфер и сака да замине од Олд Трафорд.
Секој ден се
пишуваше за иднината на Португалецот, но сега откако преодниот рок заврши,
Кристијано Роналдо може да се фокусира само на фудбалот и вчера против Шериф го
постигна првиот погодок оваа сезона.
„На Роналдо му
беше потребен овој гол. Во неколку наврати беше блиску до гол… толку многу
посакуваше да ја затресе мрежата“ – вели Ерик тен Хаг.
„Сакавме да му
помогнема да постигне гол, знете дека Роналдо ќе погоди од пенал и навистина
сме среќни за него“.
„Блиску е до топ
форма, и како ќе ја подобрува формата, ќе постигнува повеќе погодоци“.
„Тој е целосно
посветен на проектот, целосно инволвиран во она што го креираме. Создава конекции
со останатите и тоа ме прави навистина среќен“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.