Првиот човек на Фудбалската федерација на Шпанија организирал оргии со 10 млади девојки и плаќал со службена картичка?!

by
1 минути читање

Продолжува
хајката против Луис Рубиалес, по обвинувањата за матни зделки со Жерард Пике,
првиот човек на ФФШ сега се наоѓа во центарот на нов скандал.

Весникот „Ел
Мундо“ објави дека претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија на
почетокот на 2020 изнајмил приватна вила во Салобрења, која официјално требало да биде
користена за работа.

Но Луис Рубиалес
ја користел за уживање со своите блиски соработници и пријатели, биле
организирани оргии со 8-10 млади девојки, и за сите трошоци било платено со
службената картичка на ФФШ.

Обвинувањата биле
изнесени од неговиот чичко Хуан Рубиалес, кој беше на функцијата шеф на кабинет,
но доби отказ во август 2020 година.

Од Фудбалската
федерација на Шпанија веднаш ги демантираа ваквите обвинувања и посочуваат дека
Хуан Рубиалес не понудил никакви докази за скандалот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×