Барселона следната сезона ќе игра во боите на лутиот ривал?! (ФОТО)

by
1 минути читање

Весникот Спорт ја
разбранува фудбалската јавноста во Каталонија откако објави дека Барселона следната
сезона ќе игра во бели дресови.

Наводно бордот на
директори дал зелено светло вториот дрес да биде во бела комбинација и Најк
веќе го планира производство.

Во клубот имало
голема дебата со оглед на тоа дека белиот дрес е заштитен знак на лутиот ривал
Реал Мадрид, но и покрај тоа Жоан Лапорта и неговите соработници се решиле на
еден ваков чекор и сметаат дека овој дрес ќе биде еден од најпродаваните во нивната
историја.

Барселона
последен пат играла со бели дресови во сезоната 1977/78.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×