Барселона направила голема грешка со Алфонсо Дејвис: Бил Канаѓанец, доаѓал од МЛС…

by
1 минути читање

Баерн Минхен во 2019 реши да инвестира преку 10 милиони евра за ангажман на Алфонсо Дејвис, кој одлично се снајде на левата страна во дефанзивата и за кратко време стана незаменлив првотимец.

Христо Стоичков сега открива дека Барселона можела да го ангажира фудбалерот во 2018 и тоа за 5 милиони евра, но лидерите на клубот не сакале да слушнат за еден ваков трансфер.

„Им го препорачав Алфонсо Дејвис и тие ми кажаа НЕ со објаснување дека бил Канаѓанец, играл во МЛС и не бил на потребното ниво за Барселона“ – вели Христо Стоичков, кој во тоа време беше скаут на „каталонците“ во Северна Америка.

Очигледнo некој на Камп Ноу не си ја сработил доволно добро домашната задача, Алфонсо Дејвис во моментов важи за еден од најдобрите леви бекови и вреди преку 70 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×