Моисес Каиседо важи за еден од најталентираните фудбалери во Премиерлигата, во последните денови од преодниот рок се шпекулираше дека Ливерпул е подготвен да плати 42 милиони фунти за неговите услуги.
Еквадорецот исто така се поврзуваше со Манчестер јунајтед, но по преселбата на Грем Потер во Челси, „сините“ можат да им ги расипат плановите на ривалите.
„Ми беше жал кога дознав дека Потер заминува бидејќи ми помогна многу и сакав да продолжам да соработувам со него, но таков е фудбалот. Не знаете што ќе се случи, денес сте тука, утре на некое друго место“ – вели Моисес Каиседо.
„Во моментов сум фокусиран само на Брајтон и Светското првенство, ќе видиме што ќе се случи понатаму“.
„Челси е еден од најдобрите клубови во светот и никој не може да ги одбие. Сонувам за настап во најголемите клубови“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.