Нов момент во
недоразбирањата помеѓу браќата Погба, неколку извори од Франција пренесуваат
дека Матијас Погба и уште три лица се приведени во полиција.
Сите се теретат
за изнуда на пари од Пол Погба и уште неколку други дела, откако фудбалерот на
Јувентус реши да ги пријави во полицијата по заканите кои ги добил.
Едно од лицата
било приведено уште во вторникот, додека Матијас Погба и другите две лица денеска
завршиле зад решетки.
Јавноста слушна
за скандалот кон крајот на минатиот месец кога Матијас Погба на социјалните
мрежи се закани дека ќе открие тајни и валкани работи од животот на неговиот
брат Пол Погба, а фудбалерот на Јувентус објави дека бил мета на криминална
група во која дел бил и неговиот брат, и бил уценуван за 13 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.